Претседателот на Украина – Володимир Зеленски вели дека во борбите на истокот од земјата секој ден гинат меѓу 50 и 100 Украинци.
Според него, најжестоки борби деновиве се водат околу градовите Северодонецк и Лисичанска, во Луганск, еден од двата региони што ја сочинуваат провинцијата Донбас на истокот на земјата.
Гувернерот на Луганск – Сергеј Гајдаи изјави дека Русија користи „тактика на изгорена земја“ и дека Северодонецк е нападнат „од четири различни правци“, но тврди дека руските сили не успеале да влезат во градот.
Украина досега не е особено транспарентна за сопствените воени жртви, па според бројките што Зеленски отворено ги зборува, во последниот месец на истокот од земјата се убиени околу 3.000 Украинци.