Над 8 милиони раселени поради војната во Украина

Податоците на ОН покажуваат дека над 8 милиони луѓе се раселени поради воените дејствија во Украина. Од нив над 6 милиони ја напуштиле земјата.

Агенцијата за бегалци при ОН известува дека бројот на луѓе принудени да бегаат од конфликти, насилство, кршење на човековите права и прогон ширум светот за прв пат ја надминал границата од 100 милиони.

„Сочувство постои и ни е потребен сличен ангажман и за сите други кризи низ светот. Но, на крајот на краиштата хуманитарната помош е палијативно решение, а не лек. Мирот и стабилноста се единствениот одговор за сменување на негативниот тренд, за невините луѓе да не бидат приморани да избираат меѓу живот во опасност и оној во егзил“ – велат од ОН.