Зголемена побарувачка на кредити во Европа
Зголемена е побарувачката на кредити во Европа, а нивниот пристап е олеснет. Подобрувањето, според студијата на Европската инвестициска банка (ЕИБ), се однесува на физички лица, но не и на стопанството.
Во последните 6 месеци состојбата со кредити е подобрена, а очекувањата се подобрувањето да продолжи и во наредните 6 месеци.
Истражувањето за банкарството на ЕИБ укажува на оптимистички очекувања за банкарскиот систем и покрај силното влијание на пандемијата.
Побарувачката на населението за кредити е голема, а понудата на финансирањето се забележуваат поблаги услови за кредитирање.