Бислимоски го завршува мандатот во Бордот на регулатори, ќе добие ли и втор мандат?

Марко Бислимоски – актуелниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе заседава со 50. Борд на регулатори на енергетската заедница. Тој со оваа денешна активност го заокружува првиот мандат како претседател на Бордот.

Бислимовски очекува да биде предложен и изгласан за уште еден, нов мандат на Бордот на регулатори на енергетската заедница.

На денешниот состанок се очекува да се зборува за сите аспекти на енергетската состојба и како земјите се справуваат во предизвикот за обезбедување на електрична енергија и природен гас.