За среќен брак требаат најмалку две големи кавги секој месец
Во Велика Британија било спроведено истражување на над 2.000 „среќни брачни двојки“. Резултатот покажува дека рецептот за совршен брак лежи во секојдневниот разговор, времето минато заедно и – најмалку две големи кавги секој месец.
Основниот совет, како и обично, гласи – никогаш не се оди в кревет со нерешена кавга и лутина.
Испитувањето „The Warner Leisure Hotels“ порачува дека битно е да си ги кажете проблемите од работа, како и меѓусебното почитување, патувањата и заедничкото „глупирање“, кои секако придонесуваат за хармоничен брак.
Среќни се и двојките каде што двајцата си ги негуваат своите хобија од претходно, но и онаму каде „ѝ дозволуваш“ на својата подобра половина да се покаже во најлошото нејзино издание.
„Не е изненадување што заедничките одмори се една од ’тајните состојки‘ за среќен брак. Многу парови велат дека секогаш се чувствуваат поповрзани откако ќе минат викенд заедно без дневните обврски” покажало истражувањето.
Речиси 70 отсто од испитаниците велат дека времето минато заедно може да ги потсети зошто се сакаат, а 36 отсто од луѓето се задоволуваат со помали гестови на внимание.
За врската да биде возбудлива, потребна е и доза хумор, наклонетост и разбирање.