Завршија билатералните разговори во Охрид

Шефот за надворешна политика на Европската унија (ЕУ), Жозеп Борел по завршувањето на трилатералната средба во Охрид со лидерите на Србија и на Косово, ќе даде изјава за медиумите. Се очекува тоа да се случи попладне или вечер. Новинарски прашања не се предвидени.

Тој денеска прво имаше одвоените средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а потоа и со премиерот на Косово, Албин Курти. На средбите присуствува и претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак.

Според агендата, по одвоените средби е заедничка средба.

Лидерите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Албин Курти во Вилата Билјана во Охрид разговараат за нормализација на односите, под покровителство на ЕУ.