Ескобар: Курти има два дена да одговори на нашите барања

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар изјави дека премиер Албин Курти има рок од два дена да одговори на барањата на ЕУ и САД.

Тој пред новинарите во Приштина изјави дека тој и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак в петок ќе ја информираат јавноста дали има напредок или не, пренесува Репортерс.

Како што рече, Курти е должен до петок да се изјасни за прашањето за изборите на северот, како и дека нема план Б и дека Договорот од Охрид мора да се спроведе.

Според Ескобар, доколку Курти не ги прифати трите услови, тогаш е јасно дека не сака соработка со САД и ЕУ и дека тоа не може да помине без последици, пренесува Клан Косова.
Тој додаде дека САД, Европската унија и сите меѓународни партнери се заедно во нивните барања за смирување и нормализирање на ситуацијата и дека доколку тоа не се случи, последиците за Приштина ќе бидат долготрајни и појасни дека овие последици ќе да не бидат насочени кон жителите на Косово.

Ескобар изјавил дека премиерот Курти има нацрт на статутот на ЗСО, но го крие, пренесува Репортерс. Тој пред новинарите во Приштина изјави дека нацрт-статутот треба веднаш да го претстави Владата, а САД и ЕУ очекуваат тоа да се случи наскоро.