Ескобар доаѓа во регионот за поддршка на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД целосно го поддржуваат дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на Европската Унија (ЕУ), а специјалниот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар ќе допатува во регионот за поддршка на тој процес, соопштија од Стејт департментот.

Посетата на Ескобар на Белград што треба да се случи во текот на денешниот ден ја најави и од српското претседателство од каде соопштија дека тој ќе оствари средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Косовските медиуми јавија дека Ескобар, по посетата на Белград, ќе отпатува за Приштина.

Според пишувањата, американскиот дипломат викендот ќе присуствува и на најавената средба меѓу Курти и Вучиќ во Охрид на која се очекува да биде постигнат договор за спроведување на европскиот план за нормализација на односите меѓу двете земји.