Екс-тренер на Челси, Портсмут и Вест Хем – Аврам Грант обвинет за сексуално злоставување
Армиска припадничка, спортска коментаторка и манекенка, но и уште три девојки излегоа со обвинение за најпознатиот израелски фудбалски тренер – Аврам Грант дека ги принудувал на сексуални односи, ветувајќи им дека ќе им помогне да напредуваат во професионалните кариери.
Израелската телевизија „Channel 12“ ги презентирала обвинувањата за сексуално злоставување на оштетените.
Тренерот Грант ги демантирал обвинувањата, тврдејќи дека кон сите се однесувал со должно почитување.
„Никогаш не сум се обидувал да се однесувам неправедно или на кој било начин да повредам жена. Искрено им се извинувам на сите, кои се чувствувале непријатно поради мене или кога сум ги повредувал“ изјавил тој.
Инаку, Аврам Грант во својата тренерска кариера најсилен печат остави во Премиерлигата. Ги предводеше тимовите на Челзи, Портсмут и Вест Хем, беше селектор на репрезентациите на Израел и Гана, а во 2012 година беше и на клупата на белградски Партизан.