„Повеќе пари за мерките за вработување годинава“

Беким Мурати – директорот на државната Агенција за вработување најави надополнување на активните мерки за вработување и повеќе пари за таа намена. Според него, минатогодишниот план се реализирал речиси во целост.

Мурати денеска остварил средба со раководителот на Центарот за вработување Гостивар, Хисен Амзаи, разговарале за Оперативниот план за 2021-ва, но и за претстојниот, кој се подготвува.

„Оперативниот план за 2022-ра година е во подготовка и за биде реализиран предвидуваме повеќе пари од ланскиот кој изнесуваше 1,5 милијарда денари. Засега сме во фаза на подготовка и тоа се прави со Министерството за труд и социјална политика. Очекувам овој месец да помине и на Влада, со што и ќе почнат активностите за спроведување“ – рече Мурати.

Во новиот план е предвидено да се содржат речиси сите мерки како и претходно: субвенционирање на плати, самовработување со кредитирање, а новите мерки ќе бидат во склад со побарувачката на пазарот на трудот.

Агенцијата за вработување годинава предвидува поднова и реконструирање на четири центри во Гостивар, Кичево, Охрид и Струга.