Европската комисија со помош од 1,2 милијарди евра за Украина?

Финансиска помош од 1,2 милијарди евра за Украина предвидува Европската комисија. За овој предлог да биде реализиран треба да биде усвоен од страна на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент.

Информациите се дека Европската комисија нуди долгорочни заеми со поволни услови за Украина кои треба да се искористат за макроекономска стабилизација на земјата во контекст на „геополитичката неизвесност“ во која се наоѓа земјата поради конфликтот со соседна Русија.

Доколку овој предлог биде усвоен за краток рок, првата транша од 600 милиони евра може да и биде ставена на располагање на Украина веднаш, додека втората транша би била условена со неколку критериуми.

Од 2014 година наваму ЕУ и помогнала на Украина со повеќе од 17 милијарди евра во облик на заеми и грантови, од кои 5 макрофинансиски програми за спроведување на реформите поврзани со владеењето на правото, борбата против корупцијата и подобрувањето на бизнис климата.