Во Србија над 19.000 новозаразени и 58 починати од Ковид 19

Во соседна Србија ковид-пандемијата не се смирува откако во последните 24 часа се регистрирани 19.214 нови случаи на заразени, а уште 58 лица го загубија животот.

Од почетокот на епидемијата во Србија, како последица на инфекцијата починале 13.687 лица.

На болничко лекување се 3.848 лица, а на респиратори 148 пациенти.

Србија минатиот месец го заврши со скоро 400.000 заразени со коронавирус.