На Радев не му се допаѓаат потезите на Петков и на Пендаровски

Бугарскиот претседател – Румен Радев смета дека посетата на премиерот на неговата земја, Кирил Петков на С. Македонија била избрзана.

„Посетата на премиерот беше избрзана, имав искрени разговори со него, рече претседателот Радев во одговор на прашање. За бугарската дипломатија е важно целосно да го реализира својот професионален капацитет, да не верува на надворешната експертиза, невладините организации и да не подлегнува на надворешниот притисок“ – рече шефот на бугарската држава.

На прашање за средбата на претседателот Стево Пендаровски со ОМО Илинден, Радев рече дека за жал постапките и однесувањето на претседателот на С. Македонија не придонесуваат за толку посакуваниот напредок на земјата кон ЕУ.

„Секое барање за реципроцитет во граѓанските права е контрапродуктивно. Македонските Бугари се борат за еднаквост, која ќе биде загарантирана во нивниот устав со регистрирање. Тие се борат за нивна целосна интеграција во јавниот живот на државата, рече претседателот Радев. Тоа е радикално различно од сепаратистичките ставови и малцинските тврдења што ги исповедува народот со кој се среќава претседателот Пендаровски“ смета Радев.