Економист: Тел Авив е најскапиот град во светот
Израелската престолнина – Тел Авив, според истражувањето на британски Економист, е најскапиот град во светот.
Второто место го делат Париз и Сингапур, а по нив следуваат Цирих, Хонг Конг и Њујорк.
Последен на оваа листа е главниот град на Сирија – Дамаск.
Анализата на британскиот магазин покажува дека проблемите со снабдувањето и антиковид мерките, ограничувачкото производство и трговијата придонесоа за зголемување на трошоците за живот во многу градови низ светот.
Поскапен е транспортот поради растот на цената на горивата. Забележан е пораст има и кај тутунските производи, средствата за лична хигиена и забавните производи и услуги.
Истражувањето на Економист било спроведено врз основа на споредба на состојбите во 173 земји.