„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати

Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ денеска на прес-конференција обвини дека македонските политички партии во координација со коалицијата „Влен“ сакаат преку ДИК да му одземат еден до два пратенички мандата на „Европскиот фронт“.

– Политичките чинители во земјава, првенствено македонските политички чинители во координација со „Влен“ настојуваат по секоја цена да влијаат во ДИК за на „Европскиот фронт“ да му се одземат еден до два мандати со цел „Европскиот фронт“ да не биде втората политичка сила во Македонија. Ова е кривично дело и „Европскиот фронт“ ќе ги преземе сите демократски средства да се оневозможи една ваква злоупотреба, изјави Скендер Реџепи, лидер на партјата „Народно движење“ која е дел од „Европскиот фронт“.

Според Реџепи, нема никаква логика партија која има победено во одредени избирачки места да поднесува приговори за тие изирачки места.

– Нема логика, освен ако единствена цел е да му се оневозможи на „Европскиот фронт“ да биде втора политика сила во земјата, иако легитмитетот го има добиено на демократски начин, рече Реџепи.

Во Државната изборна комисија во тек е разгледувањето на приговорите поднесени за изборните резултати. До ДИК се поднесени 27 приговори од кои девет се од коалицијата „Влен“, осум од ВМРО-ДПМНЕ,  пет од СДСМ и четири од Левица.