Дуковска-Паловска: Државата очекуваме да ги следи мерките кои се следат во другите земји со одредено субвенционирање

Марија Дуковска-Паловска, генерален директор на „Макстил“ истакна дека производниот процес се одвива нормално. Првиот приоритет е да не се исклучуваат погоните на фабриката.

– Идејата на бизнисот да да продолжи да работи, а не да исклучува и да прави паузи. Кога сме нападнати од надворешни фактори на кои немаме влијание, ќе треба да размислуваме за одредено паузирање на производството. Сакаме да го задржиме процесот на производство, да ги задржиме нашите клиенти и побарувањата на пазарот. Нејтешкиот месец ни беше септември. Тоа е бизнисот. Сакаме да продолжиме да работиме – вели Дуковска-Паловска.

Таа истакна дека е жално што не нашле никакво разбирање во политичките кругови иако имале иницијативи. Се уште бараат да се дозволи струјата да падне на берзите, но очекуваат пораст.

Барале помош да можат да се приклучат со набавките кои ги прави владата за нејзини потреби.

– Жално е што е тоа така, знаеме кои се лимитите на нашиот буџет, но мала помош би била добредојдена. Од државата очекуваме да ги следи мерките кои се следат во другите земји со одредено субвенционирање, а кај нас не наидовме на таква поддршка – вели Дуковска-Паловска.

За фотоволтаиците веќе им се изработени проектите и очекуваат почеток на реализација на двата погони, инсталирање на филтри веќе имаат и јавно се објавуваат мерењата од филтерската постројка.