Донесен е Буџетот за 2022. – проектиран е на 4,4 милијарди денари

Попладнево Собранието по петдневна расправа со 63 гласа „за“, 36  „против“ и без ниту еден „воздржан“ го донесе Буџетот за следната 2022 година година.

Македонскиот Буџет е проектиран на 4,4 милијарди денари.

Вкупните приходи се планирани на ниво од 238,9 милијарди денари или 30,9 проценти од БДП, а расходите се проектирани на ниво од 272,4 милијарди денари што е за 1,4 проценти повеќе од годинава.

Дефицитот се планира на ниво од 33,5 милијарди денари или 4,3 отсто од БДП и е понизок за 2,2 процентни поени во однос на проценетиот дефицит во 2021 година.

За капитални инвестиции за следната година се предвидени 37,8 милијарди денари, што е за 27 проценти повеќе во однос на 2021 година.