
Белград, Земун, Нови Сад, Крагуевац, Ниш… насекаде има долги колони и вчера и денеска во кои стојат граѓаните да ги дадат потписите за студентската листа за изборите закажани за 25 октомври.
При давањето потписи присутен е и нотар, како човек од изборната комисија кој проверува дали е сѐ во ред со податоците.
Српските медиуми наведуваат дека граѓаните почнале да се редат во колони утринава уште пред да се отворат местата за собирање потписи. Општинските власти во Ниш вчера го блокираа собирањето потписи, но денеска тоа тече без проблем.
Се очекува студентите да ја предадат својата листа во Републичката изборна комисија утре попладне. Според она што е објавено на неа има многу универзитетски професори.
Вчера листите до изборната комисија ги предадоа Српската напредна партија, Социјалистичката партија и коакицијата од три партии „Европска Србија“.