Димитриевски: На СДСМ не треба да избира лидери кои се во сенка на поединци

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски денеска им посака успех на кандидатите за нов лидер на СДСМ. Тој не сака да се меша во внатрепартиските постапки за избор на претседател.

Сигурен е дека на СДСМ му се потребни суштински реформи и потенцира дека се „најмалку што му е потребно во овој момент е да избира лидери кои се во сенка на поединци“.

„Во една прилика реков и повторно ќе повторам без разлика на студениот однос на мојот политички субјект и на раководството коешто во моментов менаџира со него, на Социјалдемократскиот сојуз му се потребни суштински реформи и најмалку што му е потребно во овој момент е да избира лидери кои се во сенка на поединци“ – рече Максим Димитриевски.