Клуге: Задолжителна вакцинација против Ковид 19 е последната опција

Главниот европски функционер во СЗО, Ханс Клуге денеска изјави дека „воведувањето задолжителна вакцинација против коронавирус е апсолутно последната опција“.

Се повеќето земји во Европа се водат дебати дали да биде оведена задолжителна вакцинација против Ковид-19.

„Обврските за вакцинација се апсолутна последна опција и се применуваат само кога се исцрпени сите изводливи опции за зголемување на вакцинацијата. Она што е прифатливо за едно општество и заедница може да не биде ефективно и прифатливо во друго“ – рече Клуге.

Тој повторно апелираше да се употребуваат маски, да се користи вентилација и редовното да се вршат тестирања, пред се во основните училишта.