Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ го повикува членството но и сите граѓани да достават свои предлози за идните носители на функции во партијата, но и во државата.
„Време е заедно да го креираме новиот тим на СДСМ. Ги поканувам сите членови на СДСМ, но и сите наши сограѓани да достават свои предлози за тоа КАКОВ заменик на Претседател, Генерален секретар и потпретседатели ни се потребни. Какви особини, карактер, биографија треба да имаат. На СДСМ и државата не и требаат готови, туку чесни и успешни кадровски решенија“ порача Деспотовски.
„Започнуваме со практична реализација на еден од основните столбови на #Концепт28. Лојалност кон луѓето, не кон лидерот“, напиша Деспотовски на неговиот официјален Фејсбук профил.
Еден од главните принципи на програмата „Концепт 28“ на Деспотовски е воведување надиректен избор на претседатели на општинска организација, кандидати за градоначалници, пратеници и повисоки партиски функции преку непосредно гласање на членовите.