Олаф Шолц e деветтиот канцелар на Германија

Социјалдемократот Олаф Шолц (63) е деветтиот канцелар на Германија.

Тој денеска доби поддршка од германскиот парламент за да биде наследник на Ангела Меркел.

Од 707 гласови, Шолц доби 395, а потребното мнозинство изнесува 369.

Шолц и беше заменик на Меркел и министер за финансии, а беше и градоначалник на Хамбург.