Растат цените на становите во метрополата, најмногу поради поскапената изградба

Од почетокот на 2021 година цената на становите во главниот град е во постојан раст, покажуваат податоците на Народната банка. Според нив, недвижностите во Скопје поскапеле за 5,9 отсто.

Во скопските општини Карпош и Центар цената на квадратен метар станбена површина достигна и до 1.500 евра, а некои проекции говорат дека таа може да дојде и до 2.000 евра.

Растот на цените, според познавачите, се должи на немањето доволно локации за градење, блокираните детални урбанистички планови и неносењето нови, но пред се – порастот на цената на градежните материјали, како и на работната сила.

Намалување на новите градби и зголемување на цената на локаците директно влијае на цената на становите.