Делфини го спасиле од голема бела ајкула

Адам Вокер од Нотингем пливал со делфини на брегот на Нов Зеланд кога голема бела ајкула се појавилаа во близина на теснецот Кук. Според Вокер, кој е искусен пливач, тој случајно ја видел ајкулата под неговите нозе.

„Се обидов да не паничам бидејќи целта ми беше да го препливам теснецот – рече Адам.

Вокер вели дека делфините му помогнале да ја одбрани ајкулата со тоа што формирале заштитен прстен околу него во моментот кога се појавила ајкулата, целосно заштитувајќи го од какви било потенцијални напади.

„Сакам да мислам дека ме заштитија и безбедно ме вратија дома. Секогаш ќе се сеќавам на тој ден. Не знам дали делфините дојдоа да ме спасат, но знам дека по неколку минути ајкулата исчезна, а делфините останаа со мене уште 50 минути, што беше неверојатно искуство“ – рече Вокер.