Артан Груби од ДУИ денеска на прес-конференцијата пред општина Чаир се појави со куфер.
Груби рече дека куферот е за албанската опозиција од која побара да ги депонираат оставките.
„Сега земете го куферот и одете дома. Толку е мал куферот, оти работата им е мала, но како што рече и Скендер Реџепи-Зејди, нека си го одржат зборот еднаш во животот и нека си дадат оставка како што кажаа, нека станат мажи, нека си го одржат зборот, нека го земат овој куфер, ние им оставаме бакшиш и нека си одат дома“ – рече Груби.
Откако Државната изборна комисија синоќа почна да ги објавува првичните резултати од претседателските избори, симпатизерите на ДУИ славеа победа пред Изборниот штаб на противкандидатот Таравари, според кои нивниот кандидат за претседател Бујар Османи е на третото место пред кандидатот од здружената албанска опозиција.