Од Град Скопје денеска ја информираа јавноста дека меѓународниот тендер за изградба на БРТ е стопиран поради бројни недостатоци и ризици врз животната средина.
„Како што веќе е познато, постапката е стопирана и поради тоа не се пристигнати понуди. БРТ е проект кој според анализите изготвени минатата година за потребите на Град Скопје укажува на бројни недостатоци и ризици врз животната средина, што Градот во никој случај не смее да ги дозволи“ – велат од Град Скопје.
Трасата на БРТ на булеварот „Партизански одреди“ минува над главната водоводна цевка за снабдување со вода на Скопје, што само по себе претставува ризик кој може да донесе големи проблеми за самиот град, велат оттаму.
Друг проблем, како што информираат од Градот, е тоа што ако се реализира БРТ, градот ќе остане и без голем број дрвја и зеленило, што ќе влијае на животната средина.