Столтенберг: Русија се однесува како агресор кон Украина

„НАТО верува дека Русија се однесува како агресор кон Украина и тоа мора да се промени“. Ова денеска го изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, на прес-конференцијата во Брисел, по средбата што ја имаше со претседателот на Украина – Володимир Зеленски.

„Гледаме значителна акумулација на воени сили околу Украина, тенкови и многу опрема. Тоа е неоправдано и ја поткопува безбедноста на Украина и Европа, рече Столтенберг

Тој нагласи дека Алијасната нема да прави компромиси „за правото на Украина да го избере својот пат, ниту пак за правото на Алијансата да ги штити и брани своите сојузници“.