Герасимовски: Не е фер Владата да им помага на општини кои не работеле домаќински во минатото

„Сите се соочуваме со повисоките цени на електрична енергија, посебно општините. По мај, планираме да се отвори тендерска документација за да имаме што подобра цена. Имавме разговори со директорите во ЕВН, ќе бориме да имаме берзанска цена со 5 %. И другите општини имаат енормно зголемени цени за струја. Договоривме средба и со Владата, очекуваме да има домаќинско работење, уште од ноември се подготвувавме за кризата. Очекувам од Владата да има некаква помош“ вели Горан Герасимовски, градоначалник на општина Центар во најновото издание на Трилинг.

Герасимовски вели „не очекувам кеш пари на невидено. Имаме буџети, се полнат од даноци. Мислам дека еднократно уплаќање средства од Владата не е фер кон некои општини, ако тие општини не работеле домаќински, а Владата да го покрива нивниот долг. Градинките, училиштата, да плаќаат сметки за струја како домаќинствата, тоа би било помош“.

Градоначалникот на Центар во Трилинг рече и дека излегуваат на терен пред да се даде дозволата за градба, а за висококатниците кај „Холидеј Ин“ вели:

„Ќе има хуман урбанизам, ќе се гради, но пред се се интересите на граѓаните и општото добро. Има дозвола за една зграда, за дваесеткатници, има барање за уште две згради, 18 и 11 ката. Тој дел треба што повеќе да се раззелени“.