Величкова: Се водат преговори, емоциите да се намалат, а говорот на омраза да исчезне

„Дописништвото на БТА во Скопје се отвори на 4. февруари, и тоа е важно за се што се случува тука да се информира јавноста во Бугарија. Пред медиумите во цел свет има еден голем предизвик – социјалните мрежи. Во една ситуација во која се водат преговорите, треба емоциите да се намалат, а говорот на омраза да исчезне. Во многу случаи граѓаните на двете земји се заложници на лажни вести“ вели во Трилинг – Маринела Величкова, дописник на БТА од Скопје.

Таа смета дека „важно е да се добие битката со оние вести кои доведуваат до хиперемоција, треба да се дејствува со разум. Не секогаш `скокотливото` е поважно. Народот и во двете држави се прооптоварени со имформации, но ангажманот на медиумите е многу голем“.

Величкова смета дека и дел од медиумите се оптоварени со историја.

„Мојот ангажман тука е исклучително одговорен, во Македонија нема бугарски новинар 10 години, сметам дека доволно блиски сме и можеме да сме информациски отворени едни кон други“ – вели Величкова.