
Вучиќ со порака од Пекинг: Можно е наскоро да поднесам оставка
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е можно наскоро да поднесе оставка, посочувајќи дека неговиот мандат истекува и дека нема намера да прави политички потези какви што, според него, правел поранешниот претседател Борис Тадиќ.
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е можно наскоро да поднесе оставка, посочувајќи дека неговиот мандат истекува и дека нема намера да прави политички потези какви што, според него, правел поранешниот претседател Борис Тадиќ.
„Можно е наскоро да поднесам оставка“, изјави Вучиќ пред новинарите во Пекинг, на почетокот од посетата на Кина.
Тој притоа се осврна и на начинот на кој Тадиќ своевремено го скратил својот мандат.
„Нема да скратувам мандат со бесмислена формулација, бидејќи или поднесуваш оставка или си претседател до крајот на мандатот“, рече Вучиќ.
Српскиот претседател ги коментираше и синоќешните студентски и граѓански протести на плоштадот Славија во Белград, оценувајќи дека тие „не можат посебно да ја вознемират државата“.
Според него, протестот бил „без добро осмислена содржина“, „испразнет“ и „не особено масовен“.
Вучиќ ги обвини организаторите и за инцидентите што се случија по завршувањето на собирот.
Тој рече дека три различни служби направиле проценка за бројот на присутни и дека бројките се движеле меѓу 30.500 и 34.300 луѓе.
„Ја прифативме највисоката проценка, иако прецизните податоци покажуваат дека имало нешто помалку од 34 илјади присутни“, изјави Вучиќ.
Тој најави и дека Српската напредна странка ќе организира свои собири од 26 до 28 јуни.
„Од нашата бројност поважни ќе бидат пораките што ќе им ги упатиме на граѓаните“, рече српскиот претседател, објави Скопје1.мк.