
Во руски напади погоден комплексот каде што живее албанскиот амбасадор во Киев, рускиот амбасадор повикан во МЕНР
Веста ја објави албанското Министерство за Европа и надворешни работи (МЕНР), додека министерот Ферит Хоџа остро реагираше по овој напад.
Руските напади во Украина, со балистички ракети го погодија станбениот комплекс каде што живее албанскиот амбасадор во Киев, Ернал Фило.
Веста ја објави албанското Министерство за Европа и надворешни работи (МЕНР), додека министерот Ферит Хоџа остро реагираше по овој напад.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Хоџа го нарече инцидентот неприфатлив, нагласувајќи дека животот на албанскиот дипломат е ставен во сериозна опасност од нападите на руската војска врз цивилни цели, истовремено нагласувајќи дека „Албанија ќе продолжи да стои покрај Украина против руска агресија”.
„Остро ја осудуваме оваа уште една сериозна ескалација на руската агресија во Украина. Таргетирањето на цивилни области и загрозувањето на дипломатскиот персонал претставува сериозно кршење на меѓународното право. Оваа војна по избор од страна на Русија трае предолго. Повеќе од четири години од нелегалната инвазија од големи размери, Русија немилосрдно ја таргетира енергетската инфраструктура, училиштата, болниците и домовите низ цела Украина. Сепак, не успеа да ја скрши храброста, решителноста, отпорноста и силата на украинскиот народ“ – напиша Хоџа.
Министерството информираше дека рускиот амбасадор во Албанија, Алексеј Зајцев, е повикан за да даде објаснување. Исто така, Министерството повика на запирање на овие напади од страна на Русија и враќање на преговорите.
Во овој напад, според медиумите, загинало едно лице, а над 40 биле повредени.