Вучиќ: Отворен Балкан е најголемиот мировен проект што Балканот сам го направил

Претседателот на Србија Александар Вучиќ синоќа во интервју за ТВ Прва изјави дека Отворен Балкан е „најголемиот мировен проект што Балканот сам го направил“ и оцени дека иницијативата, чиј дел се Србија, Албанија и Северна Македонија, „може да биде машина за раст и развој на цела Европа“.

„Не ги разбирам оние кои не сакаат да влезат на Отворен Балкан (Косово, Црна Гора и БиХ), тоа не е ниту голема Србија ниту голема Албанија, тоа е само наша заедничка работа и борба да имаме право на иднина по наша желба“ – смета Вучиќ.

Тој нагласува и дека неговата одлука да не се кандидира за претседател на партијата е дефинитивна и дека за таа функција има четири или пет кандидати.

Вучиќ нагласи дека Белград ќе се спротивстави на евентуалното воведување санкции против политичарите од Република Српска, наведувајќи дека тоа не е начин да се решаваат проблемите во Босна и Херцеговина.

Српскиот претседател изјави дека е загрижен поради новиот сој на коронавирусот и бидејќи здравствениот систем на Србија нема да може да издржи толку многу хоспитализации како во некои земји низ светот.