Вучиќ најавува: Просечната пензија 500, а платата 1.000 евра!

„Просечната плата во Белград во 2013 година била 430 евра, а денес е над 780 евра“. Ова го изјави денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ за ТВ Пинк.

Тој најавува дека просечната плата во Србија до крајот на мандатот на следната влада ќе биде 1.000 евра, а просечната пензија ќе биде над 500 евра.

„Тоа е сосема реално и остварливо, доколку нема големи земјотреси на светско ниво. На добар економски пат сме, инфраструктурата ни се развива, сите треба да бидеме обединети во тоа, да работиме за нашата земја“ – вели Вучиќ.