Брнабиќ: Заедно да сториме сè Србија да стане победничка земја!

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека лидерот на Српската напредна партија – Александар Вучиќ ќе биде носител на сите изборни листи на партијата, Даница Груичиќ на парламентарните, а Александар Шапиќ на белградските избори. Во соседна Србија изборите се закажани за 3. април.

Ова е одлуката на денешната седница на Претседателството и на Главниот одбор на партијата.

„Вучиќ е носител на сите листи, ова е мотото под кое одиме на избори, ова е пораката за која се залагаме сите, бидејќи се што направивме во Србија, направивме заедно со народот, можеме да се гордееме со резултатите и покажавме дека заедно можеме да сториме сè за Србија да стане победничка земја. Дури по 13, 14 место на листата доаѓаме ние од Српската напредна странка, меѓу кои ќе има многу нови и млади луѓе “ рече Брнабиќ.

Таа рече и дека СНС се бори за Србија, а изборите ќе бидат исклучително тешки.