Се смирува ковид-бранот во Словенија

Во Словенија во последното деноноќие се потврдени 4.257 нови случаи на коронавирус, а починале 15 лица – објави тамошниот Институт за јавно здравје.

Бројот на новозаразени е за над 3.000 помал отколку пред една недела, а во земјата во моментов има над 145.000 активни заболени, скоро 10.000 помалку од вчера.

Епидемиолошки показатели се во тренд на смирување, а владата најави дека во вторник ќе расправа за прилагодување на мерките на новата ситуација.

Во болниците сега има 774 ковид-пациенти, од кои 135 се на интензивна нега.

Од коронавирусот во Словенија досега починаа над 6.000 луѓе.
Над 1,2 милиони луѓе во земјата се вакцинирани, односно речиси 58 отсто од вкупното население.