Вучиќ: Мораме да го заштитиме мирот, но и националните интереси

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска со бугарскиот претседател Румен Радев го посети градилиштето во Костинброд кај Софија, каде денеска почнуваат работите за изградба на гасен интерконектор меѓу Србија и Бугарија на бугарска територија.

Одговарајќи на новинарски прашања дали очекува договор на утрешната седница на Народното собрание за прашањето за Косово и Метохија, тој одговори:

– Да бидам искрен, не верувам, природно е луѓето да не се согласуваат, но не е дека не се разбираме кога се пред нас клучни национални задачи. Ние сме во најтешкото време за нас, кога не знаете што ќе се случи и дали војната ќе се прошири и во другите делови на светот. Мора да го заштитиме мирот, но и националните интереси. Знам дека многумина мислат дека кога Србија е во неволја, тоа е можност за некои да добијат политички поени и моќ. Нема да се правдам никому, јас сум единствениот претседател кој учествува во расправата, подготвен сум да бидам во парламентот 12-15 часа. Ќе се борам за мојата земја – рече Вучиќ.