Петр Павел: Украина треба да влезе во НАТО

Чешкиот претседател Петр Павел изјави дека на Украина треба да ѝ се дозволи влез во НАТО „штом војната ќе заврши“.

Тој за Би-би-си рече дека Украина ќе биде „морално и практично подготвена“ да ѝ се приклучи на Алијансата кога ќе заврши конфликтот.

Во своето прво интервју како претседател, Павел цврсто ја бранеше западната воена поддршка за Киев велејќи дека не треба да има „речиси никакви ограничувања“ за пратките.

Додаде дека за него испраќањето западни борбени авиони „Ф-16“ не е табу, но дека не е сигурен оти тие би можеле да бидат испорачани во време што би му одговарало на Киев.

„Се гордеам што мојата земја беше една од првите што обезбеди значителна воена помош за Украина“, изјави Павел за Би-би-си.