Втор ден по ред паѓа Волстрит, погледите вперени кон претседателот на американската централна банка

На Волстрит, индексот S&P 500 благо падна втор ден по ред во вторникот, бидејќи инвеститорите не сакаат поризични инвестиции пред говорот на претседателот на американската централна банка Џером Пауел за состојбата на економијата. Dow Jones зајакна 0,01 отсто, на 33.852 поени, додека S&P 500 падна за 0,16 отсто, на 3.957 поени, а индексот Nasdaq 0,59 отсто, на 10.983 поени.

Инвеститорите не сакаат да ризикуваат бидејќи претседателот на ФЕД Пауел во среда ќе зборува во Институтот Брукингс за состојбата на економијата, што би можело да им даде на инвеститорите нови насоки за инфлацијата и каматните стапки.

„Никој не сака да купува пред утрешниот говор на Пауел. Сите се нервозни и се прашуваат што ќе каже“, рече Рон Саба, портфолио менаџер во Horizon Investments.

Бидејќи инфлациските притисоци во САД благо се намалуваат во последните месеци, инвеститорите се надеваат дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки за „само“ 0,50 процентни поени во декември, по серијата зголемувања за 0,75 поени.

Инвеститорите се претпазливи и од извештаите кои покажуваат дека довербата на потрошувачите во САД дополнително ослабе во ноември поради зголемените трошоци за живот, што не навестува добро за претстојната празнична сезона.

Покрај тоа, инвеститорите се загрижени за протестите во Кина поради строгите рестриктивни мерки за борба против вирусот Ковид, а бидејќи бројот на заразени продолжува да расте, се очекува дополнително забавување на и онака бавниот раст на втората по големина светска економија.

Меѓу најголемите губитници вчера, четврти ден по ред, беше акцијата на Apple, што е последица на прот во кинеската фабрика каде што се произведуваат најмногу iPhone-и. Имено, инвеститорите се плашат дека празничната продажба на тие паметни телефони на Apple ќе пропадне поради застој на производството.

Цените на акциите на технолошките гиганти Амазон, Нвидија и Тесла значително паднаа, за повеќе од 1 отсто, што ги поттикна Nasdaq и S&P 500 индексот.

Внимателно вчера се тргуваше и на европските берзи. Лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,51 отсто, на 7.512 поени, а париски CAC се зголеми за 0,06 отсто, на 6.668 поени. Франкфуртскиот DAX се лизна, пак, за 0,19 отсто, на 14.355 поени.