Вработен во прилепската болница скенирал картичка на граѓанин и повлекол 90 000 денари

Вработен во прилепската болница додека работел како службеник на шалтер за наплата фотографирал картичка на лице од Прилеп од која повлекувал пари во период од 4 месеци.

Вработен во прилепската болница додека работел како службеник на шалтер за наплата фотографирал картичка на лице од Прилеп од која повлекувал пари во период од 4 месеци.

Првата транскација ја извршил на 26 октомври лани и до февруари годинава повлекол сума од над 90.000 денари.

„СВР Битола поднесе кривична пријава против И.С.(40) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци“.

На 13.10.2025, пријавениот како административен службеник на шалтер за наплата во ЈЗУ Општа болница Прилеп фотографирал дебитна платежна картичка на едно лице од Прилеп и во периодот од 26.10.2025 до 19.02.2026 извршил 71 интернет трансакција со вкупна сума од 90.174 денари“, соопштија од полицијата.