Во Сиднеј направиле хаос во сообраќајот, демонстрираат против климатските промени
Во Сиднеј почнаа протести, се демонстрира против климатските промени. Полицијата мораше да ги затвори главните улици во центарот на градот.
Уапсени се 11 лица, меѓу кои и една жена која на вратот си ставила синџир со катанец за велосипед и се врзала за воланот на возилото, блокирајќи го сообраќајот.
Активисти од организацијата „Блокада на Австралија“ се движеле по главните сообраќајници и предивикале вистиснки хаос.
Демонстрантите извикувале „Овде завршува австралиското климатско уништување“, а со себе имале транспаренти со пораки „Блокирај го Сиднеј“ и „Спротивстави се на климатската неактивност“.
Организацијата Блокада на Австралија објави дека протестот е одговор на „континуираното блокирање на климатските акции во Австралија“.
Според најавите, протестите ќе продолжат цела недела.