Во март годинава просечната нето плата е 31.080 денари
Во март 2022 просечната месечна исплатена нето-плата во земјава изнесува 31.080 денари.
Во однос на март 2021 година има зголемување за 10,1%, објави денеска Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите:
Финансиски дејности и дејности на осигурување (21,4 проценти), Уметност, забава и рекреација (20,2 проценти) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19,5 проценти).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец е забележано во секторите:
Финансиски дејности и дејности на осигурување (16,9 проценти), Рударство и вадење на камен (13,5 проценти) и Преработувачка индустрија (7,1 процент)