9 години затвор за Груевски за „ТНТ“ – Јанакиески доби казна од 3 години

Кривичниот суд – Скопје денеска во судскиот случај „ТНТ“ го осуди екс-премиерот Никола Груевски на 9 години, а екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески беше осуден на 3 години затвор.

По 4 години затвор добија Елисавета Најдовска и Тони Трајковски, екс-градоначалник на општина Гази Баба.

На последните двајца им се судеше за кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Според обвинението, осудените во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

Јанакиески и Трајковски во завршните зборови се изјаснија дека немаат сторено кривично дело и се надеваа на ослободителна пресуда.

Јавниот обвинител Бурим Рустeми тврди дека во текот на судскиот процес со сигурност се докажало дека обвинетите ги сториле делата што им се ставаат на товар и дека обвинетиот Никола Груевски ја злоупотребил својата позиција и влијание како премиер да ја оствари својата желба да му го урне комплексот „Космос“ на својот политички противник Фијат Цановски и да му нанесе финансиска штета.