ВМРО-ДПМНЕ: Додека граѓаните немаат за леб, Ковачевски и неговиот кум екстра профитираат

Продолжува аферата „Броило“ вредна над 26 милиони евра со нови детали, додека граѓаните немаат за леб, дезертерот Ковачевски и неговиот кум Горан Паунов, преку злосторничко здружување екстра профитираат. За кризниот профитер Ковачевски броилото врти за богатење, додека за граѓаните броилото врти за осиромашување, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека во време на енергетска криза, тргувајќи со влијание, профитерот Ковачевски врти над 26 милиони евра, пари на граѓаните.Додека стопанството плаќа дупло поскапа цена на електричната енергија од регионот, а граѓаните плаќаат енормно високи сметки за електрична енергија, Ковачевски и неговиот кум, Горан Паунов изградиле соларен картел за лично богатење.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека фирмата Пиксел која е основана од Димитар Ковачевски и неговиот кум, и преку фирмата КМГ ЕОЛ Квазар изминативе години, само од државните институции земале над 2 милиони евра. Над 1.8 милиони евра, соларниот картел земале и од ЕВН, која дел од сопственоста е на државата, каде што сега премиер е профитерот и дезетер Ковачевски.Исто така фирмите на Ковачевски и Паунов добиваат и државна помош.

Аферата Броило продолжува и денес, каде што ќе бидат објавени нови докази за над 26 милиони евра вредниот соларен картел на Ковачевски и неговиот кум Паунов.

Димитар Ковачевски е главата на ова злосторничко здружување. За секој сторен криминал, злоупотребувајќи ги кризите во Македонија ќе има одговорност, се вели во соопштението.