
Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, итно е пренесен во болница.
Според нивните информациите, причина за неговото хоспитализирање е влошување на постоперативна инфекција, по што била потребна лекарска интервенција и болнички третман.
Засега нема официјални информации за неговата моментална здравствена состојба, ниту детали за понатамошниот тек на лекувањето.
Јакимовски од средината на јули ја издржува затворската казна во Затвор Скопје.
Тој не криеше дека има карцином на белите дробови и на бешиката и дека има редовни онколошки третмани.