Владина мерка во Бугарија – од април бесплатно во градинка!

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска најави дека од април годинава во Бугарија престојот во градинките и јасли ќе биде бесплатен.

„Владата ќе инвестира 70 милиони лева за изградба на градинки, рече Петков. Тој најави и дека платите на наставниците ќе бидат 125 отсто од просечната плата. Нема да има пензионер под прагот на сиромаштија“ – рече Петков.

Бугарскиот премиер вели дека сите мерки за поддршка на бизнисот остануваат најмалку во наредните 6 месеци, а мерките за поддршка се задржуваат поради високите цени на струјата.