Стано: Ако има руска агресија на Украина, ќе има сериозни политички последици за агресорот, ќе платат масовна економска цена

Петер Стано – портпаролот за надворешна политика во ЕУ изјави дека Унијата работи на дипломатски начин со Русија, но дека во случај на агресија врз Украина, последиците ќе бидат политички и економски.

„ЕУ во овој момент е во фаза на решавање на проблемите со Русија преку дијалог, но ако пропаднат дијалогот и дипломатијата, подготвени сме за мерки на одвраќање“ – рече Стано.

Тој истакна дека Европската Унија ги разгледува сите можни опции доколку дојде до агресија врз Украина.

„Ќе има сериозни политички последици и агресорот ќе плати масовна економска цена“ вели Стано.

Санкциите би биле пропорционални на тој напад, а ЕУ се координира со своите трансатлантски партнери во овој дел исто така, главно САД, Канада и НАТО, рече тој.