(ВИДЕО) Трилинг: Ќе се врати ли Груевски дома или ќе бара ново прибежиште?

➡Дали унгарскиот премиер Маѓар ќе му откаже гостопримството на екс премиерот Груевски? ➡Ќе биде ли бегалецот од Будимпешта екстрадиран или поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ ќе најде ново засолниште? ➡Дали предлог Законот за високо образование е согласно барањата на научната фела и потребите на студентите? ➡Дали битката за иден ректор на УКИМ се заснова на визија и подобар концепт или во прибирање симпатии кај политичкото водство? „Ништо нормално“ нова збирка раскази на писателката Симона Јованоска. ➡Вечерва во „Трилинг“ со новинарите Слободанка Јовановска и Љупчо Златев, Билјана Ангелова ректор на УКИМ и писателката Симона Јованоска.

Дали унгарскиот премиер Маѓар ќе му откаже гостопримството на екс премиерот Груевски? Ќе биде ли бегалецот од Будимпешта екстрадиран или поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ ќе најде ново засолниште? Дали предлог Законот за високо образование е согласно барањата на научната фела и потребите на студентите? Дали битката за иден ректор на УКИМ се заснова на визија и подобар концепт или во прибирање симпатии кај политичкото водство? „Ништо нормално“ нова збирка раскази на писателката Симона Јованоска.

Вечерва во „Трилинг“ со новинарите Слободанка Јовановска и Љупчо Златев, Билјана Ангелова ректор на УКИМ и писателката Симона Јованоска.

Фото: Трилинг / Слободанка Јовановска

„Унгарците платија голема цена за таа изолационистичка политика на Орбан и едноставно се уморија со фактот да бидат „црни овци“ во Европската унија.

-Едното сценарио е дека Груевски ќе си најде нова дестинација, а второто сценарио, ако веќе дојде во Македонија, ако биде испорачан, јас мислам дека низ правниот лавиринт ќе биде ослободен“, вели новинарката на „Независен“, Слободанка Јовановска.

Фото: Трилинг / Љупчо Златев

„На десничарскиот популизам не се очекуваат некои круцијални разлики во однос на владеењето на Виктор Орбан, но во делот на усогласеност со политиките на ЕУ и политика во однос на Украина пред се, е далеку повеќе усогласена со онаа на ЕУ, тогаш да, Петар Маѓар се очекува да го смени курсот.

-Токму овој резултат на Орбан, треба да ја мотивира македонската надворешна политика да се тргне од двоецот Трамп – Нетанјаху.

-Доколку сака Петар Маѓар да му направи огромна услуга на Христијан Мицкоски, сметам дека тој би го испорачал Никола Груевски“, вели главниот уредник на „Лидер“, новинарот Љупчо Златев.

Фото: Трилинг / Билјана Ангелова

„Нема доволно наука. Значи потребно е наука за да има и квалитетно високо образование. Потребни се истражувања и потребно е објавување на трудови. Не доволно се објавуваат трудови. Ние имаме статистика направено дека потребно е да објавиме три пати повеќе од она што сега го објавуваме за да се најдеме на Шангајската листа“, смета Билјана Ангелова, ректор на УКИМ.

Фото: Трилинг / Симона Јованоска

„Политиката на државата којашто ние самите ја одредуваме со правото на глас, треба да работи на политички програми коишто се во интерес на граѓаните“, вели писателката Симона Јованоска.

Гледајте не на ТВ24 во 20.45ч , на youtube каналот Трилинг, како и на порталот triling.mk.