Потресени од трагедијата и двојното убиство вечерашното издание на „Трилинг“ во фокусот ја стави таа тема.
Вања е киднапирана, па убиена во центарот на Скопје. Монструмите не смеат да живеат во Македонија. Повеќе од три децении подземјето е аздисано, од криминалци стануваат бизнисмени и политичари. Ваква е секојдневната приказна во Македонија.
Од двојното убиство се отвораат многу прашања: Кој е мотивот за двојното убиство за Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски од Велес? Зошто некој би убил 14 годишно девојче, а зошто некој би посегнал по живот за 500 евра? Каква е улогата на таткото? Како е возможно да се грабне Вања кога има згусната евиденција? Што е регистрирано од камерите на Вања? Дали има свиркач во МВР кој го штител Палчо? Дали некој сакал да направи дестабилизација во Македонија? Дали таткото на Вања помогнал во убиството?
Многу одговори ќе дојдат кога ќе се врати и Палевски. Но, кога? Колку долго официјална Анката ќе го држи Палевски?
Новинарката Енџи Николоска направи прилог на оваа тема во вечерашното издание на „Трилинг“.
Со нејзните соговорници психологот Росалија Секуловска, проф д-р Ангелина Станојоска, криминалог и новинарката Јадранка Костова ги дискутираат последиците од ова убиство.
Од оваа сезона во „Трилинг“ имаме гостин-водител, а вечерва тоа е Сребра Ѓорѓијевска од Умно.мк. Таа вечерва разговараше со Ана Стојаноска која e театролог, но и писателка.
Освен двојното убиство вечерва имаме и политички теми. Во пресрет на предизборието како наш гостин го имаме претседателот на ДИК, Александар Даштевски. Околу уставните измени, корупцијата, судскиот систем, неказнивоста и евроинтеграциите на нашата држава разговараме со евроамбасадорот Дејвид Гир.
Можеби најинтересни емисија досега кое ќе го држи вашето внимание до последниот здив. Изгледајте!