Две момчиња и девојка од Косово загинаа во Италија, со автомобил излетаа во река

Три лица загинаа кога БМВ-то што го возеле удрило во заштитна ограда во италијанскиот град Португаро, во близина на Венеција, и паднало во река, јави агенцијата АНСА.

Жртвите се двајца Албанци од Косово, Ѓ. Е.(20) и А.Х.(22), кои биле во друштво на Ѓ. Т.(21), девојка на еден од младите, која исто така починала.

Според италијанските медиуми, во сообраќајна несреќа во мај загинал и братот на А.Х, Адмир (19), кога бил повреден и нивниот татко.

Кога итната помош пристигнала на местото на несреќата, биле пронајдени во автомобилот.

Првичните информации сугерираат дека во несреќата можеби учествувало и четврто лице, но нуркачите засега не пронашле тело во реката.