(Видео) Стојаноска: Тапкаме во место во повеќето театри, потребна е системска промена

Од оваа сезона во „Трилинг“ имаме гостин-водител, а вечерва тоа е Сребра Ѓорѓијевска од Умно.мк. Таа вечерва разговараше со Ана Стојаноска која e театролог, но и писателка.

Вечерва со неа дискутиравме за нејзината монографија насловена „Чашуле:приказнувачот“, а таа вели дека инспирација за оваа книга бил човекот кој ја научил да пишува, но и многу повеќе од тоа.

Ова е еден вид на хибридна монографија која не беше толку тешко да се напише во процесот. Кога нешто ќе се направи со љубов. Си ветив на себеси уште од мигот кога замина Чашуле во 2009-та година дека ќе ја направам оваа книга како мој аманет до него. Не само што ме научи да пишувам, ме научи да бидам подобра во сите работи што ги правам, вели писателката Стојаноска. 

Таа вели дека монографијата е создавана цело време од 2009-та година па наваму.

Авторката вели дека се може да се направи со крокост, добрина и мудрост, а ова го памти од човекот заради кој ја напишала монографијата – Коле Чашуле.

За македонската продукција во театарот, Стојаноска вели дека тапкаме во место, а моментално е потребна системска промена.

Поскаувам коренита промена. Тапкаме во место во повеќето театри, посебно институциите. Ни фали сериозна репертоарна политика. Тоа постојано го споменувам. Ни фали сериозно размислување што сакаме да направиме со театарот. Ни фали да обрнеме внимание кон ансамблот. Ни фали системска промена, вели Стојаноска.

Стојаноска вели дека пишува секојдневно и најави дека моментално пишува нови романи. Таа вели дека е во потрага кон нови истражувања и даде краток осврт на нејзината литература.

За крајот на интервјуто таа вели дека и покрај сите црнила, мора да биде добри луѓе и добрината може да ни помогне секогаш.